Распоред на настапи на Здраво Млади

Распоред на настапи на Здраво Млади

Поздрав,

Утре (17.мај) ќе се оддржи третото издание на фестивалот на нова музика Здраво Млади!
На програмата се 13 музички артисти од 8 држави со различни музички жанрови.
Здраво Млади прв пат во еден ден, на 2 бини, од кои едната на отворено!

Фестивалот ќе го отвори современо лондонско женско/машко панкрок дуо Bitches. Белграѓаните со македонско потекло ТИ се втори на програмата. Следува северно ирскиот позитивен мрак Girls Names. Скопските The John, директно од комбе ќе се качат на бината на Здраво Млади и после 8 дневната турнеја се очекува да го отсвират својот најдобар концерт пред домашна публика. Канаѓанката со Руско/Украинско потекло Chinawoman го добива терминот на главна звезда на Здраво Млади. 
FM Belfast ја доведуваат атмосферата до лудило, и за крај на програмата на бината под отворено небо домашните хип хоп херои Green Out!

Бината внатре ќе ја отвори германскиот loopstation махер Konrad Kuechenmeister, после него настапува младиот и надежен македонски диџеј Ulterior, следува искусниот Game Over, а час и половина после полноќ, зад грамофоните и сидиџеите ќе застанат основоположниците на juke/footwork движењето DJ Rashad & DJ Spinn. За крај на фестивалот го најавуваме психоделинчното електро дуо Кантон 6!

За МКЦ да изгледа како никогаш до сега ќе се погрижат три интеранционални ВиЏеи кои веќе со денови работат на мапирање и подготовки за својот VJ сет.
VJ Vjunk & VJ Vidbeat од Турција и VJ Random Doctors од Финска.

Сумирано, на Здраво Млади 2013 ќе настапат 16 артисти (50тина изведувачи) од 10 различни земји, настан кој, ако држите до себе, реално, не би требало да го пропуштите.
Билетите се во продажба по 400 денари (а беа и по 300 денари) и може да се набават во Југотон, 1/2 Југотон и МКЦ. На влез, после 18:00, билетите ќе чинат 600 денари.

Комплетната сатница на настапи подолу.

Ве очекуваме во МКЦ.  

СЦЕНА НАДВОР

19:00 Bitches
20:00 Ti
20:45 Girls Names
21:45 The John
22:35 Chinawoman
23:45 FM Belfast
00:50 Green Out

СЦЕНА ВНАТРЕ

22:00 Konrad Kuechenmeister
23:00 Ulterior
00:15 Game Over
01:30 DJ Rashad & DJ Spinn
03:30 Kanton 6

Random Doctors, Vjunk и Vidbeat гости на Здраво Млади!

Random Doctors, Vjunk и Vidbeat гости на Здраво Млади!

Со особено задовлство ви најавуваме дека на годинешното издание на „Здраво Млади“ визуелизациите ќе бидат приготвени од 3 интернационални VJ-и.
Станува збор за VJ vjunk и VJ Vidbeat од Турција и VJ Random Doctors од Финска со настап во живо!
Овие исклучителни креативци ќе направат престојното издание на фестивалот Здраво Млади да биде незаборавно видео искуство за публиката.

Воедно најавуваме и отворена бесплатна работилница на 16.05 во просториите на МКЦ.
Програмата на работилницата „Младите Виџеи“ ќе биде следнава:
   - Вовед и основи во Vidvox/VDMX софтвер за видео миксање во живо.
   - Сценографија и видео мапирање на 2D и 3D објекти (3D коцки, сферични објекти и др.) преку користење на Maxon Cinema 4D, Adobe Photoshop и Vidvox/VDMX.
   - Креирање на 3D видеа преку користење на Adobe After Effects (3D очила)
   - Излагање на предавачот за историјата на Виџејството и споделување на неговите идеи за сценографијата, како и Виџејството, како нова платформа во музичката индустрија. Исто така, примери за развојот на видео мапингот во музичката индустрија ширум светот.
Пријавувањата се вршат на: marga@mkc.mk и бројот на учесници на работилницата е ограничен. 

Random Doctors (Финска)
Random Doctors е VJ колектив од Хелсинки основан во 2004 година и е еден од најактивните VJ колективи од Финска. Нивните настапи во живо се карактеризираат како енергични и уникатни визуелни перформанси со комбинација од возбудливи импровизации и професионален призвук. Преку своите визуелни настапи во живо тие ја истражуваат длабочината на човековата потсвест, секојпат мотивирајќи ги диџеите и музичарите да се надминат себеси.
Преку настапи на големи фестивали, но и во мали алтернативни клубови и уметнички настани, Random Doctors остануваат верни на нивната мисија – да бидат дел од магичните моменти каде музиката, визуелизациите и публиката се претвораат во едно.
Random Doctors се едни од основачите на финската виџејска заедница VJFinland. Овој отворен форум е посветен на растечката финска виџејска култура и негова цел е да и помогне на локалната виџејска сцена преку поддршка и размена на знаење и искуство.

Vj Vidbeat (Турција)
T.Hüseyin KURU познат како “Vidbeat” роден на 15/09/1982 во Турција. Тој ја има започнато неговата музичка и видео кариера кога имал 17 години во Rio Negro - Argentina. Tој студирал Видео дизајн/Видео постпродукција на Galatasaray ITM Music and Visual Arts Academy. Додека бил студент на Galatasaray ITM тој има направено документарни филмови, кратки филмови, музички видеа, видео инсталации и монтирано кратки филмови за универзитетски проекти, артисти и музичари. Имал шанса да ја прикаже неговата работа на ТВ шоуа, интернет, видео магазини и универзитетски фестивали. Неговите првични  влијанија биле од: Nam June Paik, Michel Gondry, Chris Cunnigham и Stanley Kubrick.
Почнува со  виџејство во периодот кога бил оператор на светло во Club Indigo. Ги среќава Michael Parenti, Pascal Lescon и Todd Thille од Artificial Eyes. Зема учество во нивната VJ работилница и го подобрува неговиот стил. Од 2005та година, Vidbeat прави AV проекти, сценографија и живи VJ перформанси за различни диџеи, бендови и соло артисти. Исто така подготвува интерактвни дизајни и видео мапинг проекти за интернационални артисти и арт фестивали.
Vj Vidbeat има правено VJ перформанси и сценографии за артисти како: Paul Oakenfold, Sven Vath, Dj Yahel, Hans Peter, Lindstorm, Stephan Bodzin, Booka Shade, Anthony Rother...


VJ Vjunk (Турција)
Перформансот во живо на Burcu Gunduz е микс од нејзините слики, снимки и архивски стари снимки. Работи како Виџеј од 2005та година и имала можност да работи со Paul Oakenfold и Silicone Soul. Се приклучува исто така и на” Live Performers Meeting” во Рим, “Freemote” во Утрехт, “Scope Sessions” во Берлин и “Nodefest” во Истанбул. Го организира независниот Виџеј фестивал “Vj Fest İstanbul” 5 години по ред. Организира Виџеј работилници и предавања и држи предавања во врска со VJ уметноста. Таа е магистер по ликовна уметност со магистерска тема за клубската сцена и рејв културата во 90’тите.
http://vimeo.com/vjunk

Во продажба билети за Здраво Млади 2013

Во продажба билети за Здраво Млади 2013

Поздрав, 

Ве известуваме дека од денес се пуштени во продажба билети за третото издание на музичкиот фестивал „Здраво Млади“. Како што веќе беше најавено, на програмата на фестивалот се поместени 13 бендови и изведувачи од 8 различни земји.

Фестивалот ќе се одржи во еден ден на 17 мај, на 2 фестивалски бини, едната поставена на отворено, на платото пред МКЦ, а другата во концертната „денсинг“ сала.
И уште едно, но не и последно изненадување... Музичкиот дел, годинава добива визуелна поддршка. Но бидете трпеливи, наскоро ќе ги објавиме имињата на интернационалните визуелните артисти кои ќе настапат на Здраво Млади, а дотогаш најавуваме старт на продажбата на билети по промотивна цена.
 
Билетите само денес (17.04) ќе чинат 300 денари, а веќе од четврток (18.04) ќе се продаваат по цена од 400 денари и може да се набават на билетарата на МКЦ, Југотон и 1/2 Југотон.
 
Ве очекуваме.

ЗДРАВО МЛАДИ 2013

ЗДРАВО МЛАДИ 2013

Здраво Млади повторно со пресна музика, поучна, но истовремено разиграна и забавна, таа што ќе ви направи да “ви заигра срцето и запее душата” – за убавото разиграно Скопје за кое мечтееме. Газиме веќе трета година по ред. Од книгата со тазе рецепти, 13  слатки изведувачи од сите солени страни на светот, зготвени со една цел – преслушување и дегустирање на на нова и квалитетна музика со изразена еколошка димензија, која не ги загадува ушните канали.

Оваа година, за денот да трае подолго а забавата до рано наутро, програмата ја спакувавме во еден цел ден, но во два, wait for it, фестивалски “стејџa” од кој еден на отворено, под романтичното распослано скопско ѕвездено небо. 
Ќе паѓаат комети. И чоколадни бомбици.

Здраво Млади! трето издание - 17 Мај,  МКЦ. За убаво да го дочекаме тополото лето.

Со многу мали, но сепак значајни чекори, од година в година ја збогатуваме програмата, ја правиме разнолика и шарена да ви ги обоиме деновите во најубави бои.

Повторно со сопствени сили, но не се жалиме, добри сме, ќе се потрудиме да ни биде уште подобро.
 
И секако, нетрпеливи сме да ви ја претставиме програмата на фестивалот.
На Здраво Млади ќе настапат:
Loopstation атракцијата од Германија - Konrad Kuechenmeister, какафоничното лондонско машко-женско дуо Bitches, македонското гастарбајтерско електро поп дуо од Србија - Ти, атрактивниот дарк квартет Girls Names (Северна Ирска), меланхоличната музичка мистерија од Канада - Chinawoman, високозаразната исландска електро-поп формација FM Belfast, македонските рап акробати број 1 - Green Out, кросовер електро дуото од скопскиот андерграунд Кантон 6, психоделичниот surf 60's disko punk indie post rock & more скопски бенд The John, домашните диџеи Game Over и Ulterior, како и најновото глобално денс чудо од Америка, основополжниците на juke/footwork сцената DJ Rashad & DJ Spinn.
 
Одбројувањето започнува сега. Уште месец дена до македонската нова година, фестивалот Здраво Млади!
Стартот на продажба на билетите е 17.04, на точно еден месец пред фестивалот, а само на 17.04 во МКЦ, Југотон и 1/2 Југотон фестивалски билет по цена од скромни 300 денари.
Веќе од 18.04 цената на фестивалски билет ќе чини 400 денари.

Не заборавајте да ја преслушате и фестивалската химна направена од нашиот драг пријател Rebolledo кој после минатогодишниот настап ни шепна дека Positivismo е всушност песна која ја направил токму за Здраво Млади. Сериозно!:)